Златков се врати во Словенија, потпиша за второлигашот Бриње

231

Поранешниот македонски репрезентативец до 21 година, Алекс Златков, од денеска е нов фудбалер на словенечкиот клуб Бриње. Станува збор за словенечки второлигаш, кој по првиот дел од сеозната се наоѓа на 5. место на табелата.

Златков првиот дел од оваа сезона ја помина како фудбалер на Шкупи, од каде си замина пред Нова година. Инаку, Златков својата фудбалската кариера ја започна во Триглав од Крањ, а во Македонија настапуваше за Шкупи и Македонија ЃП.

ПретходноОхрид почна со подготовки за вториот дел од сезоната
СледноБарселона ги продава шкафчињата на поранешните фудбалери, цените достигнуваат и до 350 илјади евра