Нашиот прв ривал на СП ремизираше на првиот тест со Србија

235

Првиот ривал на македонската ракометна репрезентација на претстојното Светско првенство, селекцијата на Унгарија, вечерва одигра нерешено 31:31 во првиот од двата планирани контролни натпревари со селекцијата на Србија.

Првиот меч се одигра вечерва во Сомбор и иако Унгарците имаа значителна предност во првото полувреме, Србите се вратија и дури поведоа, па на крајот и заминаа со предност на пауза (16:15).

Во вториот дел имаше колку-толку рамноправна борба, која заврши нерешено. Вториот меч двете селекции ќе го одиграа во петок во Сегед. Најефикасни во составот на Унгарија беа Краковски и Роста со по 4 гола.

ПретходноВрховниот совет на спортови и дозволи на Барса да ги регистрира Олмо и Виктор
СледноОхрид почна со подготовки за вториот дел од сезоната