Официјално: ФК Вардар им се заблагодари на деветтмина играчи!

3106

Како што е објавено на официјалниот сајт на нашиот најтрофеен клуб, раководството на ФК Вардар одлучи да им се заблагодари на деветтмина играчи.

Тоа се Ким Сеукјун, Огнен Здравковски, Симеон Здравковски, Јонус Рушту, Ѓорѓе Ќосиќ, Дејан Ѓуриќ, Марио Костов, Мартин Блажевски и Давид Велковски.

Овие играчи веќе не се членови на ФК Вардар.

Од друга страна раководството на клубот и натаму прави големи напори за да засили тимот со нови и квалитетни играчи. Познато е дека последни на тој список се Давор Талески и Едиз Спахиу.

ПретходноУЕФА на 15 јануари ќе го исфрли ПСЖ од Лигата на Шампионите?!
СледноКК Пелистер со барање до КФСМ: Сакаме да играме во топли сали! (ФОТО)