Охрид почна со подготовки за вториот дел од сезоната

61
фото: ГРК Охрд facebook
Ракометарите на Охрид по кратката пауза за новогодишните и божиќните празници денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната. Денеска на повикот на стручниот штаб на ГРК Охрид на располагање беа сите ракометари, како и новото бразилско засилување Винициус.
„Екипата првиот дел од подготовките ќе ги одработува во Охрид, па потоа од 23. до 29. заминуваме на подготовки во Белград, каде што ќе учествуваме на силниот турнир, “Трофеј Вук Рогановиќ”, каде што освен ГРК Охрид ќе учествуваат и екипите на РК Партизан и РК Панчево од Србија, како и екипата на РК Нексе од Хрватска. По турнирот ќе ги одмериме силите и со РК Металопластика Шабац и шампионот на Србија, екипата на РК Војводина. Пред почетокот на вториот дел од првенството во Охрид ќе ни гостува екипата на РК Куманово”, изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.
ПретходноНашиот прв ривал на СП ремизираше на првиот тест со Србија
СледноЗлатков се врати во Словенија, потпиша за второлигашот Бриње