Радовиш се засили со голман од Либан и бекови од Тунис и Египет

414

РК Радовиш од утре започнува со подготовките за продолжението на првенството во Суперлигата. Од управата информираат дека веќе има договори со неколку засилувања кои заедно со постоечкиот ростер од играчи ќе се обидат да обезбедат опстанок во највисокиот ранг на натпреварување.

Нови имиња во клубот се: Хусеин Сакр од Либан на позиција голман, Хамза Фалах позиција лев бек од Тунис, Калид Махмуд позиција десен бек од Египет и Томче Трачевски позиција пивот, кој доаѓа од Прилеп, инаку повратник во Радовиш.

Во овој подготвителен период се планирани и неколку контролни натпревари.

ПретходноБарселона се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп
СледноБаерн му нуди нов договор на Милер, но мора да ја намали платата