Лејкерси убедливо загубија од Далас (118:97), иако Мавс играа без најдобрите стрелци Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг. Но за оваа средба не се зборува за крајниот резултат, туку за она што го изведе Леброн Џејмс на 40 години.
Џејмс изведе монструозно забоивање, на патот кон кошот ка префрли топката во другата рака и ја заби преку 10 сантиметри повисок и 20 години помлад кошаркар.
Постигна 18 поени со 10 скока и 8 асистенции, но главниот потег беше она што го направи на почетокот на мечот. Тој ја прифати топката на линијата за три поени и со молскавична брзина се упати кон кошот. Тој ја водеше топката со десната рака и со неа се вивна во воздух. Меѓутоа, потоа, летајќи кон кошот, ја префрли на левата рака и со неа сам го собори Дерек Лајвли, кој е 10 сантиметри повисок (2,16 м) и 20 години помлад.
LEBRON OH MY OH MY JAMES 😱😱😱
SWITCHING HANDS FOR THE RIDICULOUS LEFT-HANDED WINDMILL 😤 pic.twitter.com/r40AQ86alQ
— NBA (@NBA) January 8, 2025
IS LEBRON 40 OR NOT??? WE CAN’T TELL 😳 https://t.co/OdlQ6goK2m pic.twitter.com/0HxZ0bvMTK
— NBA (@NBA) January 8, 2025
Вашингтон – Хјустон 112:135
Далас – ЛА Лејкерс 118:97
Њу Орлеанс – Минесота 97:104
Јута – Атланта 121:124
Денвер – Бостон 106:118
Голден Стејт – Мајами 98:114.