Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрс турнирот во Најроби, Кенија што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Таа денеска во мечот од првото коло загуби од првата носителка Валерија Страхова од Украина со 2-0 во сетови (61 75) за 84 минути игра. Ова беше втор фјучрс кој нашата тенисерка го играше во Кенија.
Првата фаворитка Страхова го освои првиот сет со 6:1 во гемови, откако по 1:1 направи серија од пет гема. Во вториот сет имаше многу повеќе резултатска неизвесност и пресврти. Стоилковска подобро го почна сетот и поведе со 3:0 во гемови, но повторно ривалката успеа да направи серија од пет гема за водство од 5:3. Македонската тенисерка осви два гема за изедначување од 5:5, но следните два и припаднаа на противничката за конечни 7:5 во вториот сет и 2-0 во сетови.
Стоилковска на овој турнир настапи и во конкуренција на двојки со Ема Ван Попел од Холандија и загубија во првото коло со 2-0 во сетови од Ашмита Еасварамурти од Индија и Лексуе Ксиао од Кина.