Од денеска во погон се уште три наши прволигашки клубови кои ги стартуваа зимските подгтовки за се она што ги очекува во пролетниот дел од сезоната.
Тоа се шампионот Струга ТЛ, кој денеска во својот тренинг камп го одработи и својот прв тренинг под водство на стратегот Ќатип Османи. Тука беше и Бесмир Бојку кој конечно заздрави по тешката повреда и веднаш му се стави на располагање на својот тренер.
Тиквеш на Градскиот стадион во Кавадарци го имаше својот собир а потоа под водство на тренерот Ѓорѓи Мојсов го одработи и првиот тренинг во новата 2025 година.
Исто и во Битола беше доста живо што би се рекло. Срѓан Захариевски како старо – нов шеф на струката прво позираше со дресот на Пелистер, потоа ја изврши прозивката а се одработи и првиот тренинг.
Што се однесува до Пелистер, клубот информира дека Бобан Георгиев и Дамјан Масевски не се веќе членови на битолскиот прволигаш.