Енис Барди по се изгледа дека оваа зима ќе си замине од Трабзонспор. Се чека само на добра понуда и капитенот на македонската репрезентација и дефинитивно да му каже збогум на својот сегашен клуб.
Во изминатит два месеци имаше повеќе шпекуалации за тоа каде може Барди да ја продолжи својата кариера, се споменуваше и Динамо Загреб, но ништо од тоа. И натаму Башакшехир е во преден план, но од вчера, барем според медиумите во Турција, Енис Барди е трансферна цел на уште два клуба од турската Суперлига, а тоа се Бодрумспор и Ејупспор.
Останува да се види за кој клуб еден од нашите најдобри фудбалери ќе се одлучи.