Шкупи ги почна подготовките за пролетната полуетапа

364

Шкупи од денеска се врати на подготовки за вториот дел од сезоната. На првиот собир имаше и две нови засилувања, Емир Јазичи и Џезаир Авдули.

Фудбалерите од страна на стручниот штаб и челниците на тимот беа запознаени со планот на подготовките кои ќе се одвиваат во две фази. Првата фаза ќе се игра во Скопје до 21 јануари, додека ден подоцна екипата ќе отпатува за Анталија, Турција, каде ќе се спроведе и главната фаза од подготовките.

Тимот ќе остане на турско тло до 8 февруари, а ќе одигра и 4 контролни натпревари.

ПретходноПо понудата од С. Арабија тешка 1 милијарда евра: Реал почнува преговори со Вини за нов договор
СледноСе огласија газдите на Ливерпул: Клубот не е на продажба!