Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ оваа година ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула на Австралија опен.
Ждрепката беше извршена денеска, а српскиот тенисер е во спротивниот дел од ждрепката во однос на неговиот најголем конкурент и актуелен шампион Јаник Синер.
Ѓоковиќ, кој е седми носител во Мелбурн, на стартот на турнирот ќе игра против американскиот тенисер Нишеш Басавареди. Негов потенцијален ривал во второто коло е Русинот Павел Котов, додека во третото повторно би можел да се соочи со Американецот Рајли Опелка, кој неодамна го совлада во Бризбејн.
Во осминафиналето Ѓоковиќ би можел да се соочи со Бугаринот Григор Димитров, додека потенцијална класика е резервирана за четвртфиналето и средбата со Карлос Алкараз.
Доколку се оди според плано Ноле во полуфиналето би можел да се соочи со Германецот Александар Зверев, а во финалето со светскиот тенисер број еден Италијанецот Јаник Синер.
Novak Djokovic’s draw for Australian Open 2025:
Round 1:🇺🇸Basavareddy
Round 2: 🇷🇺Kotov
Round 3:🇺🇸Opelka/🇨🇿Machac
Round 4:🇧🇬Dimitrov/🇨🇿Lehecka
Quarterfinal: 🇪🇸 Alcaraz
Semifinal: 🇩🇪Zverev/🇳🇴Ruud
Final: 🇮🇹Sinner/🇷🇺Medvedev/🇩🇰Rune pic.twitter.com/RL5zjjaYWP— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 9, 2025