Досегашниот член на тимот на Детонит, и некогашен младински репрезентативец на Македонија, Анџело Николовски е нов член на екипата на Македонија ЃП.
Тој зимава се сели во Скопје, како засилување за екипата која што е главен фаворит за влез во ПМФЛ шампионатот, и во моментов секако е лидер на второлигашката конкуренција.
Николовски доаѓа како замена за Мите Цикарски по таа лева бековска позиција, а досега има играно за екипите на Брегалница, Кит Го, Гостивар и Детонит.