Дориан Бабунски е нов играч на романскиот тим Сепси. Македонскиот интернационалец и репрезентативец се сели во Романија, откако ја прекина соработката со Грасхоперс.
Бабунски потпиша предмалку 2.5 годишен договор, со што веднаш го решава прашањето на клуб зимава. Спортспорт дознава дека Бабунски покрај понудата на Сепси, на маса имаше уште четири пет, сериозни опции за преселба, но Сепси се покажа како најконкретен, најбрз, и најкомплетен во понудата за нашиот напаѓач.
По одличните настапи во Дебрецин, Дориан Бабунски го направи трансферот во Грасхоперс, но повредата, а и случувањата во клубот доведоа до тоа тој од Швајцарија да си замине пред време.