Манчестер Сити веќе е во конкретни преговори за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, според Скај Спортс Германија. „Граѓаните“ се подготвени да платат меѓу 40 и 50 милиони фунти за Египќанецот.
Претставниците на Мармуш вчера беа во Манчестер. Самиот играч сака трансферот да се реализира, но се уште не е сигурен дали сака тоа да се случи сега или на лето.
25-годишниот напаѓач постигна 13 гола од почетокот на сезоната во Бундеслигата. Неговиот договор со Ајнтрахт е до 2027 година.
Друга главна трансфер цел на Манчестер Сити во јануарскиот прозорец е дефанзивецот на Ленс, Абдукодир Кусанов.