Денвер го декласираше Лос Анџелес Клиперс со 126:103 без Никола Јокиќ. Најефикасен кај победничкиот тим беше Џамал Мареј со 21 поен. Кај поразениот тим се истакна Норман Пауел со 30 поени.
Во дуелот меѓу двете најуспешни екипи во лигата, Кливленд ја совлада Оклахома Сити со 129:122. „Коњаниците“ ги предводеа Џерет Ален со 25 и Еван Мобли со 21 поен и стигнаа до 11-та последователна победа.
На другата страна Гилџус Александер имаше 31 поен за поразениот тим, додека Џејлен Вилијамс имаше 25 поени и 9 асистенции за Оклахома Сити.
Кливленд – Оклахома Сити 129-122, Индијана – Чикаго 129-113, Филаделфија – Вашингтон 109-103, Бруклин – Детроит 98-113, Њујорк – Торонто 112-98, Њу Орлеанс – Портланд 100-119, Денвер – ЛА Клиперс 126-103, Милвоки – Сан Антонио 121-105.