Дувњак „грмел“ во соблекувалната на Хрватска на дуелот со Македонија

705

Хрватската нација во Вараждин Арена очекуваше од своите ракометари доминантна игра против Македонија. Пријателската средба заврши со два гола разлика во корист на Хрватите (27-25), но до истиот резултат „коцкестите“ буквално се изнамачија. На теренот можеше да се види бледа слика на Хрватска и тоа благодарение на нашите борбени момци.

Свесни дека се едни од домаќините на СП и дека во јавноста не се простува лоша игра особено ако се земе составот со кој располага Хрватска и ракометната историја која ја има оваа земја на репрезентивен план, ракометарите се извинија.

По натпреварот изјавија хрватските репрезентативци. Марио Шоштариќ откри дека капитенот Домагој Дувњак (36), кој ќе се збогува со репрезентацијата на Светското првенство, им одржал лекција за лошиот настап и тоа на полувремето кога Македонија водеше со еден гол разлика 13-14.

„Сигурно не можеме да повториме ваков настап. Не беше многу убаво во соблекувалната на полувремето. Капетанот Дувњак ни кажа некои работи. Треба да направиме многу подобро. Едноставно не бевме во право и тоа може да не чини многу на Светското првенство. Не бевме добри. Им се извинувам на навивачите. Се надеваме дека ќе им возвратиме на најдобар можен начин“, изјави Срна. 

ПретходноЛазаров после Хрватска: Им честитав на момците за борбеноста!
СледноДенвер не знае за пораз во 2025, Кливленд дојде до 11-та победа во низа (ВИДЕО)