Купанов и Рушту Јонус претставени во Кавадарци

404

Филип Купанов и Рушту Јонус се нови засилувања за тимот на Тиквеш. Предмалку младиот голман, а и досегашниот член на Вардар се преставени во Кавадарци, заедно со првиот човек на клубот, Миле Масларков.

Со ова тренерот Ѓоко Мојсов решава две прашања. Со заминувањето на Тасев, досегашниот прв голман на Тиквеш, се отвори местото за Филип Купанов.
Од друга страна пак, Рушту Јонус досега беше дел од тимот на Вардар, но тој беше дел од оние на кој што „црвено – црниот“ табор им се заблагодари на соработката зимава.

Во Кавадарци се решени зимава сериозно да се засилат, за да на пролет тимот има сосема нов физиономија односно има капацитет да се справи со предизвикот пред себе, наречен, опстанок во ПМФЛ.

 

ПретходноМарио Крстовски си заминува од Домжале
СледноМамаду Су е новиот напаѓач на Тиквеш (ВИДЕО)