Мамаду Су е новиот напаѓач на Тиквеш (ВИДЕО)

525

Екипата на Тиквеш мака мачи сезонава со постигнувањето на головите, и тоа е главната причина што актуелниот освојувач на Купот на Македонија во моментов е во незавидна позиција на табелата.

Па така, во насока на подобрување на ефикасноста, Кавадарчани повторно како и во минатото се вртат кон странскиот пазар и носат напаѓач кој е новитет за нашиот ПМФЛ шампионат.

Се работи за интернационалецот и репрезентативец на Мауританија, Мамаду Су, кој што во моментов има 24. години. Досега беше дел од тимот на АПР ФЦ од тамошниот шампионат, и ова ќе му биде прво искуство во Европа.

Тоа значи дека со Даниел Миловановиќ односно Арби Воша, а сега и со Мамаду Су, Тиквеш ќе има сосема нов, реновиран напад за напролет.

 

ПретходноКупанов и Рушту Јонус претставени во Кавадарци
СледноБабунски 2.5 години во Сепси