Некогашниот македонски младински репрезентативец, Марио Крстовски на пролет ќе има нов клуб. Како што дознава Спортспорт, напаѓачот зимава ќе го раскине договорот со неговиот досегашен клуб, Домжале во Словенија, и ќе замине на друго место.
Крстовски имаше добри моменти во Домжале, постигна неколку гола сезонава, но на клубот не му оди најдобро, претпоследен е на табелата па очигледно следува рез во играчкиот кадар.
Тој е поранешен играч на Хоризонт Турново, Брера, Работнички, Македонија ЃП во домашниот шампионат, додека пак во странство настапуваше за екипите на Зрински, Слога и Леотар во Босна.