Од утре тимот на Беса Добри Дол и официјално ќе ги стартува подготовките за новата, пролетна полусезона.
Со нов тренер, во името на Горазд Михаилов, кој што сезонава веќе беше дел од Вардар односно Брера. Тој ја премема Беса во доста специфичен момент, кога на клубот му се потребни бодови за и натаму да има статус на прволигаш.
Ќе видиме во следните неколку дена за кого Михаилов ќе се одлучи како засилување за екипата, која што реално, зимава е тивка по ова прашање. Тоа е и нормално, затоа што се досега се решаваше прашањето околу тренерското место.