Болидот на Ферари за кој следната сезона ќе возат Луис Хамилтон и Шарл Леклер, во новата сезона ќе има нова боја. Актуелната црвена боја ќе добие многу потемна нијанса. Ферари, исто така, ќе има корист од промените во правилата за тежина на болидот.
Новата шема на бои најверојатно ќе потсетува на онаа што Леклерк и Себастијан Фетел ја имаа на своите болиди во сезоната 2020 на трката за Големата награда на Тоскана во Муџело. Тогаш Скудерија потоа се врати на својата оригинална бордо боја за да го одбележи својот 1000-ти старт во Ф1.