Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали тимот за победата над Атлетик Билбао и пласманот во финалето на шпанскиот Суперкуп.
„Мислам дека заслужено победивме. Во некои периоди не доминиравме како и обично, но среќен сум. Наша цел беше да стигнеме до финалето, а освен тоа не примивме гол“, изјави Флик.
Тој беше запрашан за Ламин Јамал, кој беше заменет на средината на второто полувреме.
„Ламин Јамал? Секогаш се фокусирате на него, но правилно е да се зборува за целиот тим. Ламин неодамна се повреди и мораше да биде заменет на средината на второто полувреме. Важно е што победивме“, продолжи германскиот специјалист.
Тој ја коментираше и одлуката на шпанскиот спортски совет привремено да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор.
„Кога ја слушнав веста, бевме во автобусот и веднаш им кажав на момчињата. Сите сме среќни за Дани и Пау“, објасни Флик.