Во минатата година ТОП скандал во фудбалот беше хаосот на новиот стадион во Велес за кој ФФМ од фондовите на ФИФА и УЕФА потроши стотици илјади евра. Сликата од Велес е хорор, теренот повеќе личи на „змијарник“ отколку на фудбалско игралиште, а новото раководство во ФФМ бара начин како да се справи со ваквите “проекти”.
Донесена е одлука итно да се прати инспекција на стадионот и да се добие вистинската слика за големиот скандал. На лице место што се вели да се детектира фактичката состојба на овој објект кој што е екстремно скапо платен, а неговата состојба е катастрофална. Фотографиите сами по себе зборуваат за големата злоупотреба на средствата. Некој за ова ќе мора да сноси одговорност.