Шест кандидати се пријавија на конкурсот за нови селектори на одбојкарите

226

Шест кандидати се пријавија на конкурсот за избор на нови селектори на машката и женската одбојкарска репрезентација на Македонија. Одбојкарската федерација кон крајот на минатата година распиша конкурси за избор на новите селектори на двата сениорски тима, а според информациите, пристигнале пријави од шест кандидати.

Според информацијата од ОФМ, во текот на наредните денови треба да се направи евалуација на пријавите, а веројатно разговори со кандидатите пред да се направи конечниот избор. Машката и женската репрезентација оваа година имат обемна програма и настапи и во Европските лиги и во квалификациите за ЕП 2026.

Последен селектор на мажите беше Хари Наковски, додека женската репрезентација ја предводеше српскиот стратег Стефан Пауновиќ.

ПретходноКанаваро дебитираше со 2:2, Ристовски еден час во ремито на Динамо против Шахтјор
СледноБентакур се огласи од болница, и се чувствува добро