Младата ѕвезда Амад Диало и официјално го продолжи својот договор со Манчестер Јунајтед до 2030 година. Светските медиуми веќе неколку дена пишуваа дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е пред продолжување на договорот, а младиот крилен фудбалер денеска и официјално го потпиша новиот договор.
Иако Диало имал понуди од неколку европски клубови тој сепак одлучил да остане во Англија и да продолжи да ги брани боите не „црвените ѓаволи“. Диало ќе остане во Јунајтед до јуни 2030 година.