Бентакур се огласи од болница, и се чувствува добро

171

Играчот на Тотенхем, Родриго Бентакур е добро. Тој се огласи од болница преку социлајните мрежи и порача дека се чувствува ок, по страшниот пад синоќа во рамките од куп мечот против Ливерпул.

На самиот старт од мечот, во шестата минута, Бентакур падна многу лошо на земја, и остана неподвижен. Нормално, лекарскиот тим реагираше веднаш, го изнесе од теренот, и тој под итно беше пратен во болница.

По деталните лекарски прегледи констатирано е дека нема потешка повреда, и дека тој наскоро ќе се врати на секојдневните активности.

 

ПретходноШест кандидати се пријавија на конкурсот за нови селектори на одбојкарите
СледноУште еден отказ во Премиер лигата: Евертон го „шутна“ Дајч