Искусниот Игор Алексовски и во следните шест месеци ќе биде дел од тимот на Работнички. Чуварот на мрежата е еден од најзаслужните што Работнички сезонава игра одлично, е на самиот врв на табелата и не само што е во игра за излез во Европа, туку и титулата е сеуште и тоа како сериозна тема во Дебар Маало.
Алексовски го продолжи својот актуелен договор до лето, а тогаш веројатно дека доколку Работнички биде дел од Европа, што е сосема реалност, ќе биде присутен и понатаму.
Работнички зимава не е премногу активен на трансфер пазарот, нема ниту потреба за такво нешто, а пристигнати се само Миле Тодоров, како и Матеј Ангелов, и обајцата повратници во Гратски парк.