Од денеска, поточно од утринава и фудбалерите на Беса стартуваа со подготовките. Имено на Градскиот стадион во Гостивар, новиот стратег Горазд Михаилов прво ја изврши прозивката, се запозна со играчите а потоа и означи старт на овие зимски подготовки за се она што ги чека во пролетниот дел од сезоната.
А се знае дека тимот од Добри Дол ќе има тешка задача, сепак амбициите се да се избори опстанок во елитата.
Инаку Беса има намера и тоа како да се засили, има најава за три-четири нови играчи и тоа напаѓач, стопер, играч за врска…