Ракиџиев се повлече и од ОФС Велес!

862

Лазар Ракиџиев, некогашниот долгогодишен потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија, од вчера не е веќе претседател ни на ОФС Велес. Ракиџиев се повлече од оваа функција и ова значи дека тој се повлече од сите функции во мак – фудбалот. Да потсетиме дека од пред три недели тој не е веќе втор човек на ФФМ, на негово место назначен беше Марјан Стојкоски – Манта.

Ракиџиев долго беше претседател на ОФС Велес, во 2021 на Собранието на овој ОФС му беше продолжен мандатот. Покрај него од ОФС Велес се повлече и Роберт Гочевски, кој пак беше потпретседател.

Инаку деновиве ќе се одржат изборни Собранија на сите 26 Општински фудбалски Сојузи во фудбалска Македонија на кои ќе се изберат раководства. Потоа како што е познато, откако ќе се заврши со целата процедура, ќе се одржи и Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на кое се очекува да му се даде максимална поддршка на новото раководство на чело со Масар Омерагиќ.

ПретходноМакедонија од 18:00 против Сесвете на втор тест дуел
СледноПопоски ќе игра за Брегалница