Воска тргна со новиот тренер Сафет Ислер

252

Првологашот Воска од денеска е во погон. Ги стартуваше зимските подготовки за пролетната полусезона, со нов стратег во името на турчинот Сафет Ислер. На располагање на тренерот се и неколкуте нови засилувања кои што пристигнаа зимава и за кои управата на клубот смета дека се оние вистинските со кои Воска ќе успее да обезбеди опстанок во тековниот ПМФЛ шампионат.

Најавените странски засилувања се тука, на голот е некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Иван Николоски, а се планира да се доведат уште неколку искусни што странски што домашни имиња.

ПретходноАгон Елези на позајмица во Горица
СледноХерој на денот: Доктор на српски клуб спаси живот на петгодишно девојче во авион!