Дали сте подготвени уште еднаш да ја „обоиме“ Вараждин Арената во „црвено-жолта“ боја?

141

Македонската ракометна репрезентација ја делат пет дена до стартот на Светското првенство, пет дена до првиот меч против Унгарија (15.01/20:30 часот). Главна база за сите македонски фанови ќе биде Вараждин Арена, добро познато место. Тука пред многу години нашите ракометари играа како пред домашна публика.

Нашите ракометари очекуваат на трибините на доминира „црвено-жолтата“ боја.

„Ајде сите заедно да ја покажеме нашата страст кон ракометот, кон спортот број 1 во нашата држава“, е порака од нашите момци. 
Македонија на СП ќе игра уште против Холандија и Гвинеја. Првите три репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната фаза.

ПретходноФудбалер на Ц. Звезда еден месец бил на отслужување воен рок во Ј. Кореја
СледноБарса ја одби првата понуда на Јуве за Араухо, бара 70 милиони евра