Петковска од Италија се пресели во Словачка на голот на Јувента Михаловце

54

Македонската репрезентативна голманка, 28-годишната Драгана Петковска, од денеска е нова ракометарка на словачкиот прволигаш Јувента од Михаловце.

Некогашната „вардарка“ која имаше забележителен настап на последното Европско првенство, досега го носеше дресот на италијанскиот состав Салерно, но оваа зима реши да ја прифати понудата на словаците кои се подготвуваат за осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ каде ги очекува двомеч со грчки ПАОК.

„Драгана е голманка која има големо меѓународно искуство, како на клупско ниво, така и со репрезентацијата. Последен пат играше во италијанското првенство во Салерно, кое веќе го заврши настапот во Европа“, изјави спортскиот директор на Јувента, Милица Паловчакова.

ПретходноАморим: Сакаме да го победиме Арсенал и потоа да го освоиме Купот
СледноШкупи го комплетираше стручниот штаб со нов тренер од Турција