Димитриј Попоски е нов член на тимот нна Брегалница. Штипјани се обидуваат на пролет да изборат пласман во ПМФЛ шампионатот, па во таа насока е и ангажирањето на играчит кој „оперира“ по левата страна.
Се работи за млад и перспективен играч кој е дете на Вардар, а потоа беше дел и од екипите на Силекс, Тетекс, Работнички, Борец, а изминатиот период имаше и статус на У21 репрезентативец.
Брегалница најавува уште неколку нови имиња во насока на што посилен состав за напролет.