Нашата ракометна репрезентација подготвувајќи се за Светското првенство денеска имаше уште еден тест во Хрватска. Во дуелот со екипата на Сесвете, избраниците на селекторот Лазаров славеа со убедливи 42:28.
Овој меч дојде по оној со селекцијата на Хрватска во кој одигравме одлично и покрај поразот. Денеска на дуелот со Сесвете предводен од некогашниот репрезентативец на Хрватска, Игор Вори, на полувремето имавме водство од 18:12, кое подоцна успеавме и да го зголемиме.
Пред Македонија е уште еден последен тест пред почетокот на СП и тоа в недела против селекцијата на Зеленортските острови.