Првиот ривал на македонската ракометна репрезентација на претстојното Светско првенство, селекцијата на Унгарија, вечерва во вториот тест-меч со Србија оствари победа од 28:23. Овие две селекции пред неколку дена одиграа меч во Сомбор кој заврши без победник (31:31), но денеска во Сегед далеку подобри беа Унгарците и сосема заслужено славеа.
Банхиди со 6 гола беше најдобар реализатор кај Унгарија.
Македонија и Унгарија во рамките од првото коло од СП 2025 ќе се сретнат во Вараждин на 15 јануари со почеток во 20:30 часот.