Фонсека бргу ќе најде нова работа, стигна понуда од Евертон

107

Португалскиот фудбалски стратег Пауло Фонсека би можел да продолжи со работа во Премиер лигата бидејќи англиски Евертон го наведува меѓу кандидатите за замена на отпуштениот Шон Дајч.

Фонсека се раздели со својот поранешен клуб Милан на крајот на декември, откако миланскиот клуб реши да ја активира клаузулата која му дозволува да биде исплатен за само една година од неговиот договор доколку добие отказ во првите шест месеци од неговиот престој.

Втор кандидат за тренерското место во Евертон е Дејвид Мојс, доколку 51-годишниот Пауло Фонсека ја одбие понудата на „карамелите“.

ПретходноРакометарите подобри од хрватскиот тим: Успешен тест против Сесвете
СледноПроблеми за Анчелоти пред финалето: Белингем и Валверде се пожалиле на повреди, Модриќ е болен