Херој на денот секако дека е докторот на Напредак од Крушевац, Даниел Томичевиќ. Имено на летот од Истанбул кон Анталија, каде докторот бил дел од експедицијата на српкиот клуб, едно петгодишно девојче колабиларо. За среќа веднаш реагирал Томичевиќ и успеал да и го спаси животот малата сопатничка.
Секоја чест за докторот кој со навремена и стручна интервенција се погрижил девојчето да нема натамошни компликации.
Инаку повикот за помош прво дошол од пилотската кабина од каде се упатил повик од патниците дали во авионот има стручно лице за итна медицинска помош. Се разбира дека докторот на Напредак веднаш се одзвал на повикот и ја одработил интервенцијата на најдобар можен начин што довело до воодушување кај останатите патници во авионот.