Шкупи го комплетираше стручниот штаб со нов тренер од Турција

80

Шкупи донесе уште еден тренер од Турција. Станува збор за Умит Шахин, кој ќе ја има улогата на тренер на голманите. 46-годишниот стратег, кој 9 години работел во Германија за тимот на Штутгарт Кикерс, сега ќе биде на „Чаир“.

Со назначувањето на Умит Шахин се комплетира стручниот штаб на чело со Ердем Алпарслан.

Претходно за негов прв помошник беше назначен Муарем Муарем, а дел од стручниот штаб на Шкупи ќе бидат и Минас Османи, Емре Инан, како и Ферид Весели и Енес Ќаили.

Вчера тимот го имаше првиот собир во пресрет на пролетната сезона.

 

ПретходноПетковска од Италија се пресели во Словачка на голот на Јувента Михаловце
СледноУнгарија подобра на вториот тест со Србија