Битолчани со руска артилерија, Тарасенко ќе напаѓа за Пелистер (ВИДЕО)

432

Екиата на Пелистер за пролетната полусезона се засилува со напаѓач од Русија. Се работи за крилниот офанзивец, Закар Тарасенко, кој што пристигнува од шампионатот на Ерменија, каде што има настапувано за екипата на Вест Арменија.

Има 27. години и е левокрилен напаѓач, нешто со што Пелистер кубуреше како позиција периодов.

Битолчани веќе започнаа со подготовките, а ја направија најголемата промена, на местото на Влатко Костов, пристигна Срѓан Захариевски како шеф на стручен штаб. Есеноска, Пелистер речиси и да немаше странци во составот, односно оние што ги доведе немаа голема минутажа.

Се очекува Тарасенко да пристигне на стартот на следната недела во Битола, а потоа да биде и претставен како засилување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC West Armenia (@fcwestarmenia)

ПретходноКФСМ се огласи по барањето на Пелистер: Викендов да се одигра колото, а потоа нема да има попуст за никого
СледноРК Вардар без репрезентативците ја стартуваше 2025