Првологашот Воска од денеска е во погон. Ги стартуваше зимските подготовки за пролетната полусезона, со нов стратег во името на турчинот Сафет Ислер. На располагање на тренерот се и неколкуте нови засилувања кои што пристигнаа зимава и за кои управата на клубот смета дека се оние вистинските со кои Воска ќе успее да обезбеди опстанок во тековниот ПМФЛ шампионат.
Најавените странски засилувања се тука, на голот е некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Иван Николоски, а се планира да се доведат уште неколку искусни што странски што домашни имиња.