Утринава се одиграа седум меча во НБА, познато е дека дуелот меѓу ЛА Лејкерс и Шарлот беше одложен. Кливленд и натаму е во страшна форма, едноставно си гази. Така беше и на дуелот со Торонто на кој лидерот во Источната конференција успеа да слави со 132:126 и со тоа дојде до 12-тата победа по ред или вкупно 33-тата во сезоната. Гарланд забележа 40 поени и беше најефикасен не само кај победничкиот тим туку и на мечот.
Голден Стејт успеа да го победи Детроит со 107:104 и без некоја голема помош од Стеф Кари кој мечот го заврши со 17 поени.
На останатите средби се постигнаа следните резултати:
Орландо – Минесота 89:104, Далас – Портланд 117:111, Мемфис – Хјустон 115:119, Феникс – Атланта 123:115 и Јута – Мајами 92:97.