Она што Нејмар го прави во Ал Хилал го може само во Саудиска Арабија и никаде на друго место. Кога го боли стомак не оди на тренинг, кога не му е добро исто така не оди на тренинг, а и кога има одиграно само 42 минути за својот тим во една календарска година, неговата заработка е неверојатни 100 милиони евра.
Имено познато е дека поради повреда Бразилецот дури есента во 2024 година се појави на два меча играјќи само 42 минути и повторно се повреди. Сепак тоа не беше пречка неговиот клуб, тука се и бонусите, да му исплати фантастични 101 милиони евра, се разбира нето, за се тоа што го направи Нејмар за Ал Хилал. А што направи?
Мина само 42 минути на теренот во дресот на Ал Хилал на официјални натпревари.