Вистински хаос, вистински шок предизвика изјавата на најдобриот тенисер во историјата, дека пред АО пред неколку години кога беше во „притвор“ и не му беше дозволено да настапи на грен-слемот во Мелбурн, се сомнева дека бил труен со храна.
Ова секако предизвика големо внимание на пресот во пресрет на стартот на АО 2025.
Новинарите, посебно оние австралиските побараа од Србинот доказ за таквите негови изјави.
Еве по се ова што одговори Ѓоковиќ:
„Интервјуто за GQ беше направено пред неколку месеци. Онлајн верзијата искочи вчера а печатената верзија ќе искочи следниот месец. Ако сакате да знаете што сум кажал, можете секогаш да прочитате за се она што јас го кажав за тој случај, сега би се посветил на тенисот. Затоа и сум тука“ посочи Новак Ѓоковиќ.