Тимот на РК Вардар денеска и официјално ги стартуваше зимските подготовки. Во речиси комплетен состав, но секако без актуелните репрезентативци кои се подготвуваат за Мундијалот, Вардарци во домашни услови ја започнаа 2025 година што се вели.
Засега тие ќе работат во домашни услови, а за секоја промена на овој план, јавноста нормално ќе биде благовремено известена. На пролет Вардарци ги очекува многу важен период од сезоната, каде што во игра се многу дерби средби но и мечеви во кои едноставно победата е императив.