Херој на денот: Доктор на српски клуб спаси живот на петгодишно девојче во авион!

253

Херој на денот секако дека е докторот на Напредак од Крушевац, Даниел Томичевиќ. Имено на летот од Истанбул кон Анталија, каде докторот бил дел од експедицијата на српкиот клуб, едно петгодишно девојче колабиларо. За среќа веднаш реагирал Томичевиќ и успеал да и го спаси животот малата сопатничка.

Секоја чест за докторот кој со навремена и стручна интервенција се погрижил девојчето да нема натамошни компликации.

Инаку повикот за помош прво дошол од пилотската кабина од каде се упатил повик од патниците дали во авионот има стручно лице за итна медицинска помош. Се разбира дека докторот на Напредак веднаш се одзвал на повикот и ја одработил интервенцијата на најдобар можен начин што довело до воодушување кај останатите патници во авионот.

ПретходноВоска тргна со новиот тренер Сафет Ислер
СледноБентанкур имаше среќа, ќе паузира само две недели