Екипата на Вардар денеска, точно во 11:00 часот под водство на стратегот Гоце Седлоски и официјално ги стартуваше зимските подготовки. Со драстично поинаков тим отколку есеноска, во кој нема неколкумина стандардни но и играчи со статусот на резервисти, Седлоски го поведе тимот кој брои во моментов 25 фудбалери.
Тука се и новитетите, Маневски, Тодоровски, Цикарски, Спахиу, кои пристигнаа како засилувања и кои на пролет Вардар треба да го направат далеку поконкурентен и поквалитетен. Во план е и доведување на нови три имиња.
Подготовките ќе се одвиваат во два дела. Првиот во тренинг центарот на ФК Вардар до 16. јануари, а од 18. јануари фудбалерите на Вардар ќе имаат тринеделни подготовки во Анталија, Турција, на кои ќе се одиграат шест пријателски натпревари.