Солис Ромеро за триумф на Џирона

35

Екипата на Џирона, без Бојан Миовски кој сеуште е повреден денеска освои значајни три бода на гостувањето кај Алавес. И тоа со гол постигнат во последните секунди од мечот, преку интернационалецот од Колумбија, Солис Ромеро, кој што погоди во првата минута од судиското продолжение.

Мечот не исобилуваше со премногу возбудувања, и шанси, но ете Џирона ја искористи онаа вистинската во вистинско време. Домаќинот немаше кога да се врати резултатски и остана со празни раце.

Џирона со оваа победа е седма по 19. одиграни мечеви и освоени 28 поени. Алавес пак е 16. на табелата со 17. бода.

 

ПретходноБрера на „Благој Истатов“ ги почна зимските подготовки
СледноСинер на суд во април, ВАДА не се откажува од суспензија