Да, Јуве не губи, ама ниту победува. Вечерва во градската битка против Торино, тимот на Тиаго Мота одигра само 1:1 на “гости“ кај својот градски ривал, Торино. Ова беше шесто реми на последните седум меча во Серија А. Што е многу, многу е.
Интересно, во 56.минута дојде до инцидент покрај аут линијата во кој учествуваа и двајцата тренери, Ваноли и Мота, за да потоа и на двајцата им беше покажан црвен картон.
Јуве поведе со голот на Јилдиз во 8.минута, за да во 45+2.минута со прекрасен гол Влашиќ донесе израмнување, на крајот се покажа дека тие 1:1 се и конечен резултат.