Брера на „Благој Истатов“ ги почна зимските подготовки

160

Екипата на Брера од Струмица, денеска официјално ги стартуваше зимските подготовки. Во домашна атмосфера, поточно на стадионот Благој Истатов, Струмичани ја започнаа зададената тренинг програма, која што кога ќе се комплетира, треба да даде форма, доволно задоволувачка за ПМФЛ опстанок сезонава.

Брера зимава ја напуштија многу ликови, пред се тренерот Горазд Михаилов, а по него и десетина првотимци, па во моментов струмичани се базирани на играчите кои се пред се дел од младинската школа. Под водство, на Тони Атанасов и Панче Стојанов како двоец кој ќе биде на чело на тимот, Брера ќе се обиде да остане на курсот кој го фати сезонава и да собере доволно бодови  за да може мирно да го докрајчи тековниот шампионат.

ПретходноЛиверпул на рутина против Акрингтон
СледноСолис Ромеро за триумф на Џирона