Искусниот дефанзивец Дарко Илиески (29) е пред трансфер во елитната лига во Албанија, поточно во тимот на Билис Бјалш. Илиески во изминатите шест месеци беше во Таџикистан, во тимот на Истиглол.
Сега се враќа во Европа па откако доби понуда од албанскиот клуб одлучи да ја прифати.
Инаку Илиески досега во својата кариера има играно за екипите на Шкупи, Струга ТЛ, Копер, Пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург…